Претходна статија
Доцни санацијата на коритото и изградбата на платформите на реката Отиња во Штип
Следна статија
Цените на становите во Скопје продолжиле да паѓаат и во последниот квартал од 2012 година

Булеварот Крушевска република ќе се гради под земја

Објавено на 16.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Трасата на предвидениот Булевар Крушевска РепубликаНово ветување за решавање на проблемот со булеварот Крушевска република. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната средба со граѓаните од Маџир Маало, Ново Маало и Крњево изјави дека со новиот Генерален урбанистички план е предвидено оваа важна сообраќајница за Скопје да се гради под земја, додека сопствениците на куќите од Маџир Маало, низ кои досега минуваше трасата, ќе добијат можност да извадат градежни дозволи за своите објекти и истите да ги доградат. „Утврдивме дека најдобрата можност за да можат граѓаните во иднина да ги легализираат своите градби е булеварот Крушевска република да биде подземна сообраќајница. За таа цел Градот Скопје ќе направи сообраќајна студија која ќе ја изготви Градежниот факултет од Скопје и со неа ќе се одреди нивото до која ќе биде спуштена сообраќајницата, како и нејзината ширина“, истакна градоначалникот Трајановски.

 

Ваквата одлука на градските власти доаѓа по неколкумесечните негодувања на дел од жителите на Маџир Маало, низ чии куќи во моментов минува зацртаната траса на сообраќајницата. Булеварот Крушевска република во урбанистичките планови е вметнат уште во 60 – тите години од минатиот век. Незадоволството на граѓаните се зголеми во изминатите месеци, откако со последниот Детален урбанистички план за Маџир Маало се овозможи рушење на поголем дел од трошните куќи и изградба на нови станбени и деловни објекти на сегашните локации. Идната подземна сообраќајница треба да го поврзе булеварот „Македонија“ со булеварот „Александар Македонски“.