Претходна статија
Булеварот Крушевска република ќе се гради под земја
Следна статија
Тендерот за нови патнички гарнитури за МЖ - Транспорт пролонгиран за шест месеци (ДОПОЛНЕТО)

Цените на становите во Скопје продолжиле да паѓаат и во последниот квартал од 2012 година

Објавено на 17.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Порастот на извршените градежни работи во земјава, зголемувањето на бројот на станови за чија изградба е добиено одобрение за градење и забавената динамика на побарувачката на пазарот на недвижности се главните фактори за континуираниот пад на цените на становите во Скопје. Народната банка на Македонија во редовниот Квартален извештај наведува дека индексот на цените на становите бележи пад од 0,5% на квартална основа, што претставува трето последователно намалување на вредноста на становите во текот на 2012 година. Покрај падот на цената на живеалиштата во периодот октомври – декември 2012 година, негативен тренд е забележан и во два други квартала од минатата година, и тоа во првите три месеци падот изнесувал 1,3%, додека во второто тримесечје се засилил со намалување од дополнителни 1,8%.

 

Пресметките на Народната банка говорат дека падот на цената на становите на годишна основа изнесувал 3,5% во последниот четврти квартал од 2012 година. Од централната банка во последниот извештај наведуваат дека кредитирањето со станбени кредити почнало забрзано да расте од второто тримесечје на 2012 година, тренд којшто забавил во третото тримесечје и продолжил да расте со иста стапка во последното тримесечје од минатата година. Народната банка на Македонија ги изготвува пресметките за овој вид недвижности четири пати годишно. Резултатите се добиваат врз основа на податоците од огласите за недвижности за становите кои се нудат во главниот град, објавени од агенциите во дневните весници.