Претходна статија
Јапонците нема да одобрат нов кредит за ХС „Злетовица“
Следна статија
Најава за довршување на меморијалниот центар на Холокаустот

На продажба бројни државни локации во повеќе општини

Објавено на 11.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски деновиве објави повеќе огласи за отуѓување на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Во Велес се продаваат девет градежни парцели за мало стопанство, дел од „Комплекс УЗУС Велес“. Парцелите се со големина помеѓу 679 и 867 метри квадратни, а почетната цена е 700 денари за квадрат. Во Зрновци, за иста намена се продаваат осум парцели помеѓу 1.169 и 1.697 метри квадратни, со почетна цена од 300 денари. Во општина Василево се продава земјиште за бензинска пумпа кај село Градашорци со површина од 7.226 метри квадратни и почетна цена од 500 денари. Министерството продава и парцели за индивидуално домување во Виница и Прилеп, како и парцели за викенд куќи во општина Македонски Брод, предвидени со ДУП за село Здуње Блок 1.