Претходна статија
Проектот за реконструкција на скопската железничка станица е готов
Следна статија
ТЕМА: На македонските аеродроми им е неопходен посилен пораст на авиосообраќајот

Комплетиран магистралниот пат Радовиш – Струмица

Објавено на 26.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Отворање на делницата Сурдулци - Радичево (извор: Влада на РМ)По долгогодишни ветувања и повеќе прекини во изградбата, денеска и официјално беше пуштена во употреба последната делница од магистралниот пат М-6 помеѓу Радовиш и Струмица, поточно помеѓу селата Сурдулци и Радичево. Новата делница е со должина од 10 километри, ширина од 7,7 метри и проектирана брзина од 100 километри на час. Македонската влада обезбеди 455 милиони денари од државниот буџет за реализација на овој инфраструктурен проект. Долж трасата се изградени две клучки кај Калуѓерица и Радичево, како и шест мостови, два потпатници, еден натпатник, канали и објекти за одводнување.

 

Градежните работи ги изведуваше компанијата „Гранит“, надзорот го вршеше „Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии“ (ЗИМ Скопје), а техничката документација ја изработи „Балкан консалтинг“. Агенцијата државни патишта во март 2012 година го раскина договорот со хрватската компанија „Ингра“, која беше избрана како изведувач на почетокот од реализацијата на зафатот.

 

Со пуштање во употреба на новиот магистрален пат, стариот ќе продолжи да се користи како регионален. Претходно, во 2006 година беше пуштена во сообраќај новата делница Радовиш – Сурдулци долга 4,56 километри, која исто така претставуваше проблематичен сегмент на магистралниот пат. Градежните работи на тој проект ги изведе градежното претпријатие „Пелагонија“.