Претходна статија
Поставена спомен - плоча, не се обелоденува како ќе изгледа обележјето на Мајка Тереза
Следна статија
Комплетиран магистралниот пат Радовиш - Струмица

Проектот за реконструкција на скопската железничка станица е готов

Објавено на 25.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Холандската консултантска компанија „Гронтмеј“ го подготви проектот за реконструкција на Железничката станица во Скопје. Во претстојниот период треба да следува распишување на тендер за избор на изведувач на градежните работи, но неофицијалните информации говорат дека се уште не е одлучено дали ќе се распише еден тендер или пак реконструкцијата ќе се додели на повеќе компании кои ќе треба да реализираат различни сегменти од зафатот. Од Министерството за транспорт и врски засега не излегуваат со официјални информации за оваа тема, додека од Македонски железници – Инфраструктура напоменуваат дека со проектот ќе се подобрат условите за користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби.

 

Железничката станица во Скопје„Ќе се направат два лифта и подвижни скали за приод до пероните, нов информациски систем на влезот и на пероните, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарни чворови за лица со посебни потреби, климатизација, подигнат и реновиран под со плочки за полесно влегување во возот“, вели за „Билд“ Петар Спасовски, помошник директор за општи работи во МЖ-Инфраструктура. Градежните активности за реконструкција на скопската железничка станица ќе започнат во текот на годинава и ќе траат до крајот на 2014 година. Европската Унија преку ИПА фондовите ги обезбеди финансиските средства во износ од 2,6 милиони евра. Главната железничка станица во Скопје е пуштена во употреба на 27 јули 1981 година и е со површина од 35.400 метри квадратни. Од нејзиното официјално отворање до денес не е направен поголем инвестициски зафат.