Претходна статија
Пад на бројот на одобренија за градба, но пораст на планираните станови за градење во текот на ноември
Следна статија
ЕЛЕМ ќе инвестира во нови енергетски проекти во 2013 година

Аеродромите со 8,7% пораст на бројот на патници во 2012 година

Објавено на 11.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Воздухопловниот превоз во земјава од година во година бележи констинуиран развој, но магичната бројка од милион патници се уште останува недостижна во статистичките извештаи. Министерството за транспорт и врски денеска ги објави резултатите од 2012 година, според кои на македонските аеродроми се регистрирани 906.871 патници или за 8,7% повеќе во однос на претходната година. Стабилен раст е забележан и кај двата аеродроми. Услугите на скопскиот „Александар Велики“ ги користеле 828.831 патници што претставува зголемување од 9,1% во однос на 2011 година. Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се превезени 78.040 патници или за 5% повеќе во споредба со 2011 година.

 

 

 

 

Најголем пораст е забележан кај бројот на патници на редовните авионски линии, каде се регистрирани 715.183 патници што претставува зголемување од 13% во споредба со 2011 година. Од надлежното министерство истакнуваат дека ваквите резултати се должат на воведувањето на нови директни дестинации, но оттаму сепак не ги откриваат бројките за реализираните летови на авиокомпаниите. Авиосообраќајот во Македонија бележи позитивни статистички резултати по преземањето на управувањето со двата аеродроми од страна на турската компанија „ТАВ“. Во насока на поттикнување на воздухопловниот сообраќај, македонската влада се одлучи во наредните три години да додели субвенции на нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“во износ 306 милиони денари. Најголемата бројка на превезени патници од македонските аеродроми е остварена во 2000 година, кога се регистрирани рекордни 1.019.905 патници.