Претходна статија
Скопски „Гранит“ ќе ги реконструира струмичките улици
Следна статија
Нов деловно - трговски центар најавен во Прилеп

Хотели, марина и голф терени ќе се градат во Љубаништа?

Објавено на 22.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После јунската најава дека ќе финансира 30-метарски споменик на Мајка Тереза во Скопје, индискиот милијардер Субрата Рој повторно се споменува во македонските медиуми, овој пат како инвеститор на голем туристичко – рекреативен комплекс на брегот на Охридското езеро. Шпекулациите се дека на површина од 240 хектари во околината на селото Љубаништа и на манастирот Св. Наум, Индиецот сака да гради луксузни хотели, станбени објекти, објекти за забава, казино на вода, марина и терени за голф.

 

Проектот за комплексот чие име е „Сахарајан Македонија“ е на британското дизајнерско студио „Аткинс“. Според информациите во некои медиуми, најголем дел од земјиштето е во сопственост на на МПЦ, а помал дел на „Охридтурист“ и помали приватни сопственици.

 

 

Сахарајан Македонија - визуелизацијаСахарајан Македонија - визуелизацијаСахарајан Македонија - визуелизација