Претходна статија
ТЕМА: Инвеститорите во соларни електрани гневни, Регулаторната комисија ја префрла топката кај Владата
Следна статија
Трет обид за нова зграда на Општина Центар

Во Штип ќе се гради трговски центар од 14.000 метри квадратни

Објавено на 15.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Штип по пат на електронско јавно наддавање продаде градежна парцела во населбата „Сењак“, на која е предвидено да се изгради трговски центар. Купувач е компанија со мешовит капитал од Црна Гора и од Косово, а според тврдењето на штипскиот градоначалник Зоран Алексов, тоа ќе биде најголемиот трговски центар во источна Македонија. Првиот човек на Штип во изјава за медиумите напоменува дека инвеститорот веќе ги уплатил финансиските средства во износ од околу 20 милиони денари на сметка на локалната самоуправа и во државниот буџет. Идниот трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 метри квадратни, а во него ќе се вработат околу 50 лица. Изградбата на комерцијалниот објект треба да започне во 2013 година.

 

Населбата „Сењак“ во моментов претставува најатрактивно место за инвестирање во недвижности во Штип. Во неа веќе се гради станбено – деловниот комплекс на компанијата „Топ инвест“ на површина од 25.000 метри квадратни, додека штипската локална самоуправа во урбанистичките планови зацрта изградба на девет станбени згради од страна на приватни инвеститори, но и на објекти за индивидуално домување, кои треба да се реализираат по пат на продажба на неизградено државно градежно земјиште. Државата на оваа локација веќе подигна станбени згради со 91 социјален стан наменети за социјално загрозени лица.