Претходна статија
Македонските градежници ќе ги учат вештините за градење на енергетски ефикасни објекти
Следна статија
И Штип сака аква парк

ЈСП со нов обид за обнова на автобуските стојалишта

Објавено на 09.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стандардна автобуска постојка во СкопјеЈавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ објави тендер за избор на приватна компанија која би ги уредила автобуските стојалишта во главниот град. Најповолниот понудувач ќе треба да изгради 226 постојки до декември идната година. За разлика од претходните два обида за воспоставување на јавно – приватно партнерство, од ЈСП – Скопје напоменуваат дека се одлучиле за тендерска постапка, со цел побрзо да се реализира долгонајавуваниот проект. Низ градските и приградските населби ќе се постават три вида автобуски стојалишта, оние од типот А кои предвидуваат поставување на настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, светилки и табла со броеви за автобусите, оние од типот А1 со настрешница, корпа за отпадоци, рекламно пано, светилки и табла со броеви на автобусите, додека на фрекфентните локации во градот ќе се постават дупли постојки од овој тип.

 

Отворањето на понудите ќе се одржи на 23 ноември, а рокот за изградба на првите 23 стојалишта ќе биде до март 2013 година. Со тендерот не е предвидено поставување на претходно најавените електронски информациски дисплеи. ЈСП – Скопје планира нив да ги инсталира во посебна постапка, по изградбата на новите постојки. Распишаниот тендер претставува трета шанса за обновување на постоечките застарени станици на јавниот превоз во Скопје. Претходните обиди за пронаоѓање на компанија која би го остварила проектот завршија неуспешно, при што грчката „Ремеди Адвертајзинг“ беше најблиску до реализацијата на оваа идеја, но се откажа поради недостиг на финансиски средства.

 

 

» Форумска дискусија за автобуските постојки