Претходна статија
Градежните работи на катната гаража „Судска палата“ влегуваат во финална фаза
Следна статија
Проектот „Гевгелија 2013“ започнува со изградба на нова автобуска станица

ЕЛЕМ купува ветерници за 41 милион евра

Објавено на 17.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ЕЛЕМ потпиша договор со „Siemens Wind“ од Данска во конзорциум со грчки „Siemens AS“ за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на 16 турбини на ветер за Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Инсталираната моќност на секоја турбина е 2,3 MW, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата е со широчина од 93 метри. Со нивната монтажа ќе се обезбеди предвидената вкупна инсталирана моќност од 36,8 MW, со што ќе се заокружи првата фаза од реализацијата на овој енергетски објект.

 

Вредноста на договорот изнесува 41,1 милиони евра, кои се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка и сопствени средства на ЕЛЕМ. Во согласност со утврдената динамика, времетраењето на договорот изнесува 13 месеци, така што првите киловат часови електрична енергија се очекува да се произведат во втората половина од 2013 година. Реализацијата на договорот ќе започне уште во текот на овој месец, додека првите ветерни турбини е планирано да пристигнат во пролетните месеци од идната година. Паркот ќе се простира на вкупна површина од 29 хектари.

 

Според информациите од ЕЛЕМ, во тек е изградбата на патната инфраструктура, приклучниот далновод во должина од 11 километри и поставувањето на 110 киловолтната трафостаница. Конзорциумот „Терна – Сименс“ треба да ги финишира активностите на терен најдоцна до крајот на февруари 2013 година. Ветерниот парк „Богданци“ е првиот енергетски објект од овој вид во Македонија, финансиран со заем во висина од 32,9 милиони евра од страна на германската развојна банка „КфВ“ и 22,6 милиони евра обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ. Стручните проценки покажуваат дека со работата на овој објект би можело да се произведуваат 100 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. По реализацијата на првата фаза, предвидено е во понатамошниот период да се инсталираат дополнителни ветерници со моќност од 50 мегавати.