Претходна статија
Дебакл на македонските градежни компании на странските пазари
Следна статија
Забрзано се експропреира приватното земјиште за изградба на гасоводот Клечовце - Неготино

Статистика бележи раст на предвидените станови и на одобренијата за градење во јуни

Објавено на 10.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Позитивни придвижувања во градежниот сектор на македонскиот пазар. Бројот на предвидени станови за изградба во текот на јуни 2012 година се зголемил за 2,3%, но нивната корисна површина е намалена за 1,9% во споредба со истиот период лани. Според информациите од Државниот завод за статистика, во текот на шестиот месец од годинава се планирани 629 станови за изградба од страна на физички лица и деловни субјекти, со вкупна површина од 47.452 метри квадратни. Најмногу живеалишта се граделе во скопскиот, полошкиот и во југозападниот регион, при што општините Ѓорче Петров, Тетово и Струга биле најинтересни за реализација на нови станбени единици. Традиционално, градежните компании и граѓаните во Македонија градат најмногу двособни и трособни станови.

 

 

 

 

Статистичарите констатираат дека во јуни 2012 година се издадени 249 одобренија за градење што е за 9,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број, 179 (71,9%) се наменети за секторот високоградба, 27 (10,8%) за објекти од нискоградба и 43 (17,3%) за објекти за реконструкција. Секторот нискоградба бележи огромен раст од 80%, кога станува збор за одобрување на барањата за добивање градежни дозволи. Предвидената вредност на објектите изнесува 8.916.606.000 денари, односно 291,1% повеќе во споредба со јуни 2011 година. Огромниот пораст најмногу се должи на големите проекти од секторот нискоградба, кои започнале да се реализираат во текот на овој месец. Државниот завод за статистика го следи трендот на издадени одобренија за градење во текот на секој месец во годината.