Претходна статија
ТЕМА: Уште една изгубена година за железничкиот Коридор 8, планираните рокови се пробиваат
Следна статија
„Дивелоп Груп“ и „Инвестен“ ќе градат трговски центар и хотел кај граничниот премин Богородица

Градските власти решени да го променат ликот на објектите во центарот на Скопје

Објавено на 30.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ги избра архитектонските решенија за реконструкција на фасадите на постојните објекти на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 9, 11 и 13 и на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 20 и 10, иако официјално сеуште не сакаат да ги објават победничките трудови кои ќе ја променат визурата на строгиот центар на Скопје. Промената на надворешниот изглед на овие згради е дел од конкурсот што се објави во март годинава, кога се бараа решенија за нови фасади за дури 17 зданија. Паралелно со донесувањето на оваа одлука, локалните власти денеска објавија јавни огласи за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на дополнителни 11 згради на ул. „Македонија“, ул. „Димитриja Чуповски“ и ул. „Никола Вапцаров“, при што дел од нив се огласени по втор пат, но има и градби кои за прв пат влегуваат во замислената програма. Градските власти во текот на денешниот ден за „Билд“ не дадоа подетални информации за вкупниот број зданија што ќе бидат подложни на реконструкција и за временската динамика со која ќе се реализира проектот.

 

 

 

 

Архитектите ќе можат да конкурираат за изработка на идејни решенија за реконструкција на секоја од зградите одделно, бидејќи во објавените конкурси тие се поделени на 11 засебни делови. Од нив се очекува да бидат инвентивни во пристапот на обликување, да ги почитуваат програмските барања, да понудат изводливост, одржливост и економичност на идејните решенија, како и да ги задоволат сите прописи и нормативни акти за проектирање и реконструкција на фасадите. Градот Скопје ќе додели прва награда за секој од 11-те архитектонски проекти во износ од 100.000, односно од 75.000 денари. Трудовите треба да се достават до локалната самоуправа на главниот град најдоцна до 1 октомври.