Претходна статија
ТЕМА: Тендерот за скопскиот трамвај сеуште не е објавен, експертите бараат отвореност на процедурата
Следна статија
Агенцијата за млади и спорт го раскина договорот со „Конструктор“ за спортските игралишта

До 2014 година ќе се завршат 1.753 станови за социјално ранливи групи

Објавено на 11.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Владата планира да го реализира проектот за изградба на 35 објекти со 1.753 станови за социјално ранливи групи до 2014 година. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес – конференција изјави дека во периодот од 2007 до 2011 година целосно се завршени девет објекти со 430 станови во Скопје, Охрид, Крива Паланка, Кавадарци, Кичево, Кочани и Македонска Каменица. Финансиските средства за подигање на овие живеалишта се обезбедени од Акционерското друштво за станбен и деловен простор од значење за Републиката и заем од Банката за развој при Советот на Европа (CEB – Council of Europe Development Bank).

 

Министерството преку јавен оглас планира да отуѓи 91 стан во штипската населба Сењак 2 за вдомување на социјално ранливите граѓани. Зградите во Штип ќе се распределат јавно, по пат на електронско наддавање. Од ова министерство информираат и дека денеска биле распределени 12 станови наменети за млади брачни двојки и самохрани родители кои не добија сопственици со претходните огласи. Во рамките на овој проект, во 2012 година ќе бидат подигнати 42 стана во Скопје, 19 станови во Кавадарци и 58 станови во Велес со цел згрижување на оваа категорија на граѓани.