Претходна статија
Мајстори, отварајте го дуќанот!
Следна статија
Бензинска пумпа, хотел и фабрика ќе се градат во близина на скопскиот аеродром

Владата ќе одвои средства за изградба и реконструкција на училишта и на спортски сали

Објавено на 29.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски во денешната изјава за новинарите најави реновирање и реконструкција на 200 училишни згради на територијата на Македонија, со финансиски средства обезбедени од државниот буџет. Во наредниот период, раководствата на училиштата треба да аплицираат за добивање средства од Министерството за образование. Покрај предвидената санација, владата планира до септември да заврши изградбата на две училишта, а дополнителни две ќе започнат да се градат до крајот на 2012 година. Груевски исто така најави дека до крајот на годинава ќе бидат завршени 20 спортски сали, кои во моментов се градат на неколку локации во земјава. Подигањето на овие спортски објекти е дел од владиниот проект за изградба на 145 помали спортски сали ширум Македонија, финансирани од буџетот на државата.