Претходна статија
Велосипедистите порачаа: На Скопје под итно му требаат повеќе патеки за возење на велосипеди
Следна статија
Судбината на Чебрен и Галиште ќе се знае до 15 јули, пет мали хидроелектрани ќе бидат завршени до крајот на годинава

Значителен пад во транспортот на патници и стоки, исклучок е авиосообраќајот

Објавено на 31.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првото тримесечје од 2012 година го обележа севкупно намалување на превозот на патници и стоки во патничкиот, железничкиот и авиосообраќајот, со исклучок на транспортот на патници од македонските аеродроми кој бележи раст од 23,8% во споредба со идентичниот период лани и е заокружен на 170.228. Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички транспорт бројот на превезени лица изнесувал 3.571.000 и истиот е намален за 5,2%, додека со воз во првиот квартал од 2012 година патувале 288.000 патници што претставува пад од 14,5% во однос на првите три месеци од 2011 година. Во градско – приградскиот сообраќај е констатиран минимален раст од 0,7%, така што во вкалкулираниот извештаен период се превезени 17.231.000 патници.

 

Слично на патничкиот сообраќај, превозот на стоки бележи намалување во сите сегменти. Најнегативни се бројките во товарниот патен превоз, преку кој се транспортирани 5.242.000 тони што претставува намалување од дури 48,3% во споредба со истиот период од минатата година. Статистичарите пресметале дека со железница се превезени вкупно 613.000 тони стока, при што намалувањето во споредба со првиот квартал од 2011 година изнесува 10,8%, додека пад од 10,4% е констатиран и кај авиосообраќајот каде вкупната сума на испорачан товар е заокружена на 450.000 тони.