Бронзена скулптура на Филип Втори, висока околу 15 метри, денес беше поставена на 13-метарскиот постамент на плоштадот „Карпошово востание“, на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и зградата на Министерството за транспорт и врски. Скулптурата која официјално го носи името „Воин“ е изработена во леарницата „Гвастини“ од Виченца, Италија. Нејзин автор е Валентина Стевановска. Околу „Воинот“ се гради и монументална фонтана, а сето тоа е дел од проектот за уредување на плоштадот „Карпошово востание“, кој започна минатото лето и кој вклучува изградба на уште три фонтани со скулптури и длабоки релјефи во бронза и мермер. Според тогашните информации, целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три милиони за леење на скулптурите во Италија. Покрај ова, планирана е и реконструкција на објектот на Министерството за транспорт и врски.
» Форумска дискусија на оваа тема овде