„Адора инженеринг“ се наоѓа на 20-тата позиција на списокот на Топ 200 најголеми и најуспешни македонски компании за 2011 година, се наведува во соопштението пласирано од нивна страна до медиумите. Во споредба со претходната 2010 година, компанијата се има искачено за пет места погоре на листата на Централниот Регистар на Р.М., земајќи го во предвид критериумот за големина и успешност во тековната година. Во изминатава деценија „Адора инженеринг“ има изградено повеќе од илјада станбени единици низ Македонија, во Скопје, Струмица и Охрид.
Оваа градежна компанија на годинашниот Саем за недвижности „RealEx“ беше прогласена за инвеститор на годината, додека на минатогодишното издание ја доби наградата за најдобра компанија. Во претстојнава година компанијата планира да изгради пет нови станбено – деловни објекти во Ново Лисиче, општина Аеродром, со повеќе од 300 станови. На почетокот на март, на електронското наддавање на земјиштето наменето за подигање на овие згради, „Адора инженеринг“ понуди највисока цена, а за петте градежни парцели одвои над 167 милиони денари.