Претходна статија
Булеварот Климент Охридски ќе има шест ленти од Соборниот храм до Владата
Следна статија
Скопскиот аеродром ќе добие приклучок за гас

Зоолошката градина во Битола ќе добие нов лик

Објавено на 23.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По повод денот на планетата Земја, вчера во Битола беше промовиран идејниот проект за реконструкција на тамошната Зоолошка градина, која треба да започне годинава и да се одвива во наредните две години. На површина од сегашните два хектари, предвидено е да се санираат постоечките и да се изградат нови објекти (едукативен центар, 26 живеалишта за животни, ресторан, детски парк, административна зграда и видиковци). Архитектонското решение го изработи тимот од студиото „Есперанца дизајн“, а при изградбата на целиот комплекс ќе се употребуваат природни материјали, дрво, камен и тула. Живеалиштата за жителите на Зоолошката градина се разликуваат според квадратурата, висината, поставеноста на просториите, видот и големината на отворите, видот и цврстината на металните и стаклени прегради, подовите и опремата вградена во ентериерите.

 

Согласно замислата на проектантите, објектот ќе добие нови зони за посетителите, но притоа ќе биде задржана постоечката конфигурација на теренот и наследеното опкружување. Сегашните зелени површини ќе бидат дополнети со урбана опрема, едукативни содржини и пунктови за одмор. Животните ќе добијат простор кој ќе биде изработен во амбиент на нивното природно опкружување. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој, а истиот е реализиран од Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Претстојната санација претставува досега најобемна активност за ревитализација на Зоолошката градина во Битола, која е основана во 1950 година и од тогаш не е подложена на посериозна реконструкција.

 

 

Визуелизации: