Претходна статија
Се нуди земјиште за изградба на спортско - рекреативни комплекси во Тетовско
Следна статија
Македонија ја доби првата енергетски ефикасна градинка

АДСДП огласува за продажба 105 станови во Скопје

Објавено на 19.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во реонскиот центар Аеродром и на улицата Теодосиј Гологанов кај „Радио бран“ се нудат за продажба 105 станови од страна на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија (АДСДП). Во зградата во Аеродром се продаваат 55 станови со површина од 45 до 98 метри квадратни по почетна цена од 795 евра за метар квадратен, додека во објектот на улицата Теодосиј Гологанов се огласени живеалишта со површина од 47 до 71 метри квадратни со почетна цена од 990 и од 1.100 евра за метар квадратен. Пријавите за учество на усното јавно наддавање кое ќе се одржи на 4 мај може да се достават најдоцна до 24 април. За аплицирање од страна на граѓаните потребно е да се депонираат 60.000 денари како депозит, а сите потребни документи може да се најдат на интернет – страницата на АДСДП и или пак да се добијат во подрачните единици на друштвото.

 

Нови 200 станбени единици во Реонскиот центар Аеродром наскоро ќе бидат огласени на продажба, сите по цена која се вклопува во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. По поволни цени АДСДП ваков тип на недвижности нуди и во Охрид, Битола и Струмица. За младите брачни двојки и самохрани родители во фаза на проектирање се 48 станови во Скопје и 58 станови во Велес, а неодамна беше распишан оглас за распределба на 70 вакви станови во Битола и 3 во Скопје.