Претходна статија
Продадени парцели во индустриската зона „Македонка“ во Штип, се нудат нови парцели во индустриската зона „Жабени“
Следна статија
Владината зграда да ја зачува оригиналната физиономија

Два милиони евра за реконструкција на болници

Објавено на 22.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска најави инвестиции во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, објектот на Детската клиника во Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. Во „8 Септември“ ќе бидат вложени вкупно 870 илјади евра, од кои 550 илјади евра за реновирање на болничките одделенија со замена на дотраени подови и тавани, молерисување, замена на врати, плочки, санитарни елементи, како и комплетна замена на водоводната и канализациската инсталација во санитарните јазли. Преостанатите 320 илјади евра се предвидени за замена на пет лифтови во оваа здравствена установа.

 

Инвестицијата во Клиниката за детски болести во Скопје  ќе изнесува околу 1 милион евра, од кои 250 илјади евра за замена на прозорците, 600 илјади евра за климатизација и внатрешно реновирање и 150 илјади евра за замена на лифтовите. Во рамки на тендерот за лифтовите, предвидена е и набавка на лифт за Клиничката болница во Штип. Сите градежни активности е предвидено да завршат до крајот на годинава.