Претходна статија
Соларна електрана ќе се гради во општина Илинден
Следна статија
Уште 13 мостови ќе се санираат со пари од НАТО

Камен темелник за Плоштадот „Скендербег“

Објавено на 17.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше формално означен почетокот на изградбата на Плоштадот „Скендербег“ во Скопје, проект тежок 10 милиони евра. Градежните работи ќе се одвиваат во три фази. Во првата фаза која ќе чини 2,5 милиони евра е предвидено поплочување на просторот пред стоковната куќа „Илинден“, како и покривање со плато на комплексот дуќани на улица Казанџиска. Оваа фаза би требало да заврши во рок од седум до осум месеци.

 

Целиот проект треба да финишира до 2014 година, до кога плоштадот ќе се прошири и на територијата на општината Центар, се до објектот на Македонската филхармонија [»мапа]. За таа цел ќе биде премостен булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“. Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи минатото лето, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир.

 

Автори на идејното решение се архитектите од „Архинг Груп“, изведувач е скопската подружница на австриската компанија „Алпине“ (Alpine Bau GmbH), а надзорот го врши „Веинг“. Проектот го финансира Владата на Република Македонија и Општина Чаир.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Од градилиште:

####

 

 

Визуелизации:

####

####

####