Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска ги објави петте пристигнати трудови на огласот за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на фасадата на објектот на извршната власт. Од предложените, две решенија нудат барокен и неокласицистички стил како иден изглед на зградата на Илинденска б.б., во духот на проектот Скопје 2014. Македонските граѓани ќе можат да го изберат решението што најмногу им се допаѓа, а финалната оценка од анкетата ќе биде од значајна корист за стручната анализа при понатамошните постапки. Според досегашниот избор на корисниците на интернет кои го посетиле порталот на Владата, најголема е конкуренцијата помеѓу првото и второто пристигнато решение на конкурсот со благо водство на неокласичниот предлог.
Проектот за реконструкција на постојната фасада на владината зграда предвидува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата, за што беше објавен оглас од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Авторот на сегашниот изглед на објектот, Петар Муличковски, во изјава за телевијата „Алфа“ уште пред 3 месеци побара да му се почитуваат авторските права за неговото архитектонско решение на објектот и најави дека нема да учествува на објавениот оглас за претстојната реконструкција на зградата.
» Форумска дискусија за овој проект
Конкурсно решение бр.1
Конкурсно решение бр.2
Конкурсно решение бр.3
Конкурсно решение бр.4
Конкурсно решение бр.5
Бојан Блажевски