Претходна статија
Започна изградбата на новиот објект на „Водовод и канализација“
Следна статија
Кој ќе го гради автопатот од Демир Капија до Смоквица?

Значително зголемување на издадените одобренија за градба

Објавено на 05.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2011 година се издадени 268 одобренија за градење, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Значително зголемување на издадените одобренија за градење е забележано во сите сектори, а кај сегментот високоградба, кој зазема најголем удел во вкупната вредност на предвидените објекти, е констатиран пораст од 31,6% во споредба со истиот период лани. Од вкупна сума, 208 (77,6%) одобренија се наменети за објекти од високоградба, 16 (6,0%) за објекти од нискоградба и 44 (16,4%) за објекти за реконструкција.

 

 

 

Статистичарите пресметале уште поголемо зголемување во делот на планираната вредност на објектите во градба. Во согласност со издадените решенија за градење, предвидената вредност на градежните работи изнесува 2.431.599 илјади денари, што е за 58,1% повеќе во однос на октомври 2010 година. За дури 65,1% е зголемена вредноста на објектите од секторот високоградба во текот на октомври 2011 година и истата изнесува 2.273.537 илјади денари.

 

Во извештајниот период е планирана изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46.067 метри квадратни. Најмногу станбени единици се граделе во Скопскиот регион (238) и во Полошкиот регион (105). Општина Центар со 107 и Општина Тетово со 43 предвидени станови за изградба предничат во бројот на отпочнати објекти од овој вид во текот на октомври 2011 година.

 

 

Бојан Блажевски