Претходна статија
Подемот на економијата ќе ги покачи цените на становите
Следна статија
Започна изградбата на новиот објект на „Водовод и канализација“

Проект за енергетска ефикасност на станбените објекти

Објавено на 03.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

5 – ти декември е крајниот рок за пријавување на заинтересираните станари и куќни совети за проектот „Енергетска ефикасност за секторот за домување“ од општините Карпош, Куманово, Велес и Тетово. Во наредните три години ќе се подобрува енергетската ефикасност на 26 станбени згради во 7 македонски општини, во рамките на проектот организиран од УСАИД и Хабитат Македонија. Избраните објекти пред имплементацијата на зафатот ќе треба да имаат натпросечна потрошувачка на енергија, да бидат изградени најмалку пред 10 години и мнозинството од станарите да се со пониски приходи.

 

Проектот „Енергетска ефикасност за секторот за домување“ во себе вклучува апликација на мерки за енергетска ефикасност на зградите, зајакнување на капацитетите на заедниците на сопственици и давање на техничка помош од страна на проектниот тим во текот на имплементацијата на проектот. Во втората половина на ноември се одржаа презентации на проектот за заинтересираните граѓани во првично избраните општини Карпош, Куманово, Велес и Тетово.

 

 

Бојан Блажевски