Претходна статија
Деловниот објект „Сан Марко“ прогласен за најдобар проект на АСК 2011
Следна статија
Потпишан договорот за реконструкција на плоштадот во Штип

Луксузната населба „Верина“ ќе постави нови стандарди во домувањето

Објавено на 15.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На атрактивна локација во Орман, во непосредна близина на скопската обиколница, интензивно се гради елитниот станбен комплекс „Верина“ [»мапа]. Комплексот е од затворен тип со сопствено обезбедување и се простира на околу 30.000 метри квадратни. Во склоп на седумте објекти кои моментално се градат ќе има вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Реализацијата на проектот започна во мај минатата година, а според планот, работите треба да финишираат догодина напролет.

 

#Станарите на „Верина“ ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. За потребите на комплексот, во негов склоп ќе функционира и супермаркет. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.

 

„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава.

 

Инвеститор е Др. Благоја Николовски, а изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб Инжинеринг“, која воедно го има изработено и проектот за комплексот. Надзорот го врши „Студио 2000“.

 

 

 

Визуелизации:

 

###

###

###

###

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=XNmNYRPKIB4&rel=0&w=515]

 

 

 

Од градилиште:

 

###

###

###

###

###

###

###

###