Претходна статија
РЕК Битола ќе произведува топлинска енергија
Следна статија
Министерска надеж за „Чебрен“ и „Галиште“

Реконструкцијата на болницата во Охрид ќе продолжи и покрај пропустите

Објавено на 01.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за здравство донело одлука реконструкцијата на старото крило на општата болница во Охрид, која неодамна беше стопирана, сепак да продолжи и покрај утврдените сериозни пропусти. Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје (ИЗИИС), чии стручни екипи извршиле увид врз објектот. Стручњаците на ИЗИИС утврдиле дека нема потреба од целосно уривање на објектот.

 

Реконструкцијата на старото крило на охридската општа болница во кое беа сместени одделенијата за хирургија, урологија, гинекологија и уво, нос и грло, започна во октомври минатата година. Кон крајот на септември годинава, работите беа стопирани откако беше утврдено дека хируршките сали наместо по 3,5 биле високи по 2,8 метри, после што следеше префрлање на вината помеѓу проектантот („Иванов инженеринг“ од Битола) и фирмата „ДОТ Архитекти“ која учествувала во градежните работи. Од министерството останануваат на ставот дека и покрај проблемите, реконструкцијата треба да заврши согласно првично утврдениот рок од 16 месеци од започнувањето на градежните работи.