Претходна статија
ТЕМА: Цената на деловниот простор во Скопје нереално висока
Следна статија
Започна изградбата на трговски центар во Петровец, се најавува значајна инвестиција и во Катланово

Се бара изведувач за Плоштадот „Скендербег“ во Скопје

Објавено на 20.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Чаир вчера распиша меѓународен тендер за изградба на првата фаза на Плоштадот „Скендербег“. Изведувачот би требало да се знае во втората половина на следниот месец, а од Општината се надеваат дека до крајот на годината ќе започнат градежни активности на терен. Автори на идејното решение се архитектите од „Архинг Груп“

 

Плоштадот „Скендербег“ ќе се реализира во три фази. Првата фаза го опфаќа просторот пред стоковната куќа „Илинден“, а со третата фаза плоштадот ќе се прошири и на територијата на општината Центар, се до објектот на Македонската филхармонија [»мапа]. За таа цел ќе биде премостен булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“. Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи летово, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир. Идејното решение содржи и подземна гаража на просторот околу стоковната куќа „Илинден“. Проектот ја има подршката на Владата на Република Македонија, која за негова реализација досега обезбеди околу 650.000 евра.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

####

####

####