Претходна статија
СДСМ реагира за проектот „Рајски парк“ на ЕЛЕМ
Следна статија
Нов деловен објект на „ПроКредит“ банка во Карпош 3

96,7% од велосипедистите во Скопје секојдневно возат низ Центар

Објавено на 15.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопските велосипедисти со своето превозно средство секојдневно ја минуваат територијата на општина Центар. Дури 96,7% од анкетираните лица истакнале дека центарот на Скопје им е дел од нивната секојдневна рута на возење велосипед, што ја истакнува потребата за подобрување на велосипедската инфраструктура во овој дел на градот. Од вкупно 895 испитаници во спроведената анкета, високи 60,8% од граѓаните се изјасниле дека возат велосипед, додека 66,9% од нив го користат ова превозно средство секој ден или неколку пати неделно. Само 2,4% од респондентите на Интернет прашалникот одговориле дека не возат велосипед.

 

 

 

Како главни фактори кои ги спречуваат граѓаните да возат велосипед се издвојуваат пречки на патеките, недостиг на велосипедска инфраструктура, небезбеден паркинг и небезбеден сообраќај. Понатаму, со 82,6%, паркираните возила се убедливо најголем проблем за корисниците на велосипеди. Потоа следат високите рабници при премин кон коловозите со 62,4%, и лошото одржување на подлогата со 60,3%. Граѓаните што го користат велосипедот покажуваат висока заинтересираност за иницирање програми од општина Центар. „Дури 88,3% од испитаниците би поддржале програма за планирање велосипедска инфраструктура, 82,7% за обележување велосипедски патеки, а 74,5% за планирање на зони за смирен сообраќај“, информираат од општина Центар.

 

Спроведеното истражување покажа дека граѓаните имаат позитивно мислење за проектот „Цел Центар на точак“, но и за апликацијата за анализа на велосипедското движење Strava. Во спроведената web анкета беа опфатени 895 испитаници. Истражувањето беше реализирано од агенцијата Рејтинг, во соработка со Архитектонскиот факултет и неформалното движење „На точак“. Анкетата е спроведена за потребите на општина Центар, која во наредниот период планира да инвестира во подобрување на условите за возење на велосипед во центарот на Скопје.