Претходна статија
Спроведена гасификација на две средни училишта во Скопје
Следна статија
По две и пол години, се најдоа пари за реконструкција на главната пошта

600.000 евра за проширување на „Партизанска“ во Ѓорче Петров

Објавено на 19.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар ќе го изведува проширувањето на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во делот што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров. Од градскиот буџет за реализација на градежните работи се одвоени средства во висина од 37.397.206 денари, односно околу 600.000 евра. Во наредните девет месеци ќе се работи на трасата од кружниот тек во Влае до кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле. Дополнителни финансии е предвидено да се потрошат на новото осветлување долж целата траса.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект ќе се изведе дополнителна коловозна лента во секој правец, на средишниот појас од сообраќајницата ќе има зеленило, додека проширениот булевар „Партизански одреди“ ќе добие патеки за пешаци и велосипедисти. Градот Скопје во моментов ја подготвува и реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со улицата „Рузвелтова“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk