Претходна статија
Општина Илинден продаде уште 13 плацови за куќи во населбата Јака
Следна статија
На продажба земјиште за изградба на трговски центри и хотел во кумановско

58 милиони денари за отворање на 14 нови градинки во земјава

Објавено на 13.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонската влада, заедно со Министерството за труд и социјална политика, го изработи и го усвои акцискиот план за отворање на 14 нови градинки на територијата на целата земја до крајот на годинава. Со финансиска поддршка од државниот буџет во висина од 58 милиони денари, ќе се изградат, санираат, адаптираат и отворат градинки во Дојран, Василево, Сарај, Карбинци, Демир Капија, Липково, Кривогаштани, Истибања, Моноспитово, кочанско Оризари, Могорче и во скопските населби Припор, Црниче и Ѓорче Петров. Покрај одвоените средства од владата, планирано е во проектот да се вклучат и локалните самоуправи на чија територија ќе се отворат нови установи за предшколска настава.

 

Пет од планираните 14 идни градинки ќе бидат сместени во новоизградени објекти, додека на останатите градби е предвидено да им се прошират постоечките капацитети или пак да се изврши нивна реконструкција. Со реализацијата на овој владин проект ќе се добијат дополнителни 750 места за сместување на дечиња во општинските градинки.