Претходна статија
Ќе се реконструира поликлиниката „Букурешт“ во Скопје
Следна статија
Старите фасади во Центар ќе добијат нов лик, прва „Папагал“ зградата

3,4 милиони евра за реконструкција на стариот струмички театар

Објавено на 20.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на РМПо неколкугодишните ветувања за негово повторно возобновување, наскоро ќе започне реконструкцијата на Стариот театар во Струмица, објект што беше опожарен во 2001 година. Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица потпиша договор со скопската фирма „МАКАУС Благоја“ за изведба на реставрација, реконструкција, санација и статичко појачување на маркантното здание изградено во 1949 година. Од некогашниот објект во центарот на Струмица денес единствено стојат надворешните ѕидови, така што неминовна е неговата целосна санација. Во таа насока, веќе е изготвена проектната документација од страна на проектантското биро „Проконтрол“ од Белград. Градежните работи ќе се одвиваат во временски период од 18 месеци.

 

За остварување на најавеното реновирање се издвоени финансиски средства во износ од 210.028.200 денари или околу 3,4 милиони евра. Овој проект е дел од програмата на македонската влада и Министерството за култура за реконструкција на музеи, стари театри, галерии и киносали.