Претходна статија
Наместо пет, Штип ќе добие две паркинг платформи на Отиња
Следна статија
Фасадата на катната гаража спроти „Макпетрол“ победник на АСК 2013

2,6 милиони евра за реконструкција на 16 основни и средни училишта

Објавено на 15.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската градежна фирма „Алдинг – инженеринг“ ќе ја изведува рехабилитацијата на десет основни и шест средни училишта лоцирани во неколку македонски општини. Според информациите на дел од локалните медиуми, во изминативе денови започнале реконструктивните активности кај дел од образовните установи, кои треба да се завршат во рок од шест месеци. За реализација на проектот, Министерството за образование и наука ќе издвои 164.443.874 денари или над 2,6 милиони евра преку одобрениот заем од Банката на Советот на Европа. Со зафатот ќе се променат прозорците, крововите, подовите, инсталациите за греење, санитарните јазли и фасадите на образовните објекти, а подобри услови за следење на наставата ќе се обезбедат за преку 17 илјади ученици.

 

Во рамките на проектот се вклучени средните училишта „Кочо Рацин“ од Велес, „Љупчо Сантов“ од Кочани, „Таки Даскало“ од Битола, „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово и „Ибрахим Темо“ од Струга. Градежни активности ќе се извршат и на основните училишта „Коле Канински“ од Битола, „Наим Фрашери“ од Врапчиште, „Ванчо Прке“ од Штип, „Живко Чинго“ од Охрид, „Братство Единство“ од Гостивар, „Кочо Рацин“ од Кратово, „Браќа Миладиновци“ од Куманово, „Маршал Тито“ од с.Муртино – Струмица, „Кирил и Методиј“ од Велес и „25 мај“ од скопската населба Ченто.