Претходна статија
Хабитат ќе гради уште две згради со социјални станови во Велес
Следна статија
Нови 6,5 милиони евра за „Светиклиментовиот универзитет“ на Плаошник

2,5 милиони евра за реконструкција на Психијатриската болница во Бардовци

Објавено на 18.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши првата фаза од реконструкцијата на Психијатриската болница во Бардовци. Со финансиски средства во износ од 1,1 милион евра се санираа акутното одделение и одделението за психогеријатрија. Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посетија оваа здравствена установа и притоа истакнаа дека во наредниот период ќе продолжи реконструкцијата на уште два објекта од Психијатриската болница, со што вкупната инвестиција ќе нарасне на 2,5 милиони евра. Покрај целосното санирање и опремување на ентериерот на објектот, со новата реорганизација на просторот за првпат на Балканот се овозможува апартмански тип на лекување на болните, тренд што е присутен во развиените европски држави. Во болницата во Бардовци во моментов се сместени од 350 до 370 пациенти.

 

Премиерот Груевски напомена дека во првата фаза од реконструкцијата на здравствените установи во земјава се инвестирани 25 милиони евра. Тој исто така истакна дека првичната сума од 100 милиони евра за овој опсежен проект е зголемена на 120 милиони евра поради реализацијата на идниот Клинички центар и реконструкцијата на три објекти во највисоката здравствена установа во земјава, но и поради изградбата на нова болница во Штип.