Претходна статија
Од јули ќе се тестира електронската наплата во скопските автобуси
Следна статија
Градежниците од Балканот заинтересирани за заеднички настап на странските пазари

2,4 милиони евра за реконструкција на болници

Објавено на 07.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата планира да инвестира 210 милиони денари во реконструкција на прилепската и на битолската болница, додека во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар во склоп на болницата. Од Министерството за здравство информираат дека зградата на битолската болница ќе добие енергетски ефикасна фасада, промена на прозорците и на лифтовите, а ќе се реновираат и тоалетите. Планирано е да се изврши адаптација на стационарот, со оформување на двокреветни соби на дел од шестокреветните соби и со изведба на нови санитарни јазли. Инвестицијата е во висина од 90 милиони денари, а крајниот рок за нејзино завршување е октомври 2016 година.

 

Со финансиски средства од 20 милиони денари ќе се гради и нов Ургентен центар во кумановската болница, на местото до постоечките ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел. Градежниот зафат е предвидено да се заокружи до крајот на 2016 година. Од надлежното министерство соопштуваат дека градежни активности во претстојниот период се зацртани и за болницата во Прилеп. Таму ќе се санираат операционите сали и тоалетите, а ќе се постават и нови прозорци. Од државниот буџет за овој проект се издвоени околу 40 милиони денари, а рокот за завршување е септември 2016 година. Министерството за здравство денеска најави и нова медицинска опрема за Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, како и за пет други установи во Охрид, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Штип.