Претходна статија
Нова предлог траса на магистралниот гасовод кон Гостивар што минува преку Водно
Следна статија
Граѓаните може да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште

14,5 милиони денари за изградба на две нови велосипедски рути во Скопје

Објавено на 10.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје од годинешниов буџет ќе инвестира над 14,5 милиони денари за изведба на две нови велосипедски рути во главниот град. Во претстојниот период ќе се изведува третата велосипедска рута, која што ја опфаќа целата должина на булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“, на потегот од фабриката „Стаклара“ во општина Кисела Вода до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во општина Центар. Со градежниот зафат ќе се обнови и еден дел од велосипедските патеки од четвртата велосипедска рута, која што ја вклучува трасата долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и улицата „Бутелска“ во општините Чаир и Бутел.

Како што се наведува во објавените договори на Електронскиот систем за јавни набавки, градежните работи на терен ќе ги изведуваат фирмите „Изградба комерц“, „Гама градба“, „Пирамид билдинг солушнс“ и „АДРА“ од Скопје. Двете нови велосипедски рути треба да се комплетираат во текот на претстојната градежна сезона, и тоа најдоцна до октомври годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk