Претходна статија
Два милиони евра за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини
Следна статија
Конкурс за изработка на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на Солунскиот фронт

12 градежни парцели на продажба во Штип

Објавено на 20.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Штип денеска го распиша огласот за продажба на 12 градежни парцели за изградба на станбени згради и куќи за индивидуално домување во градот. Во населбата „Сењак 4“ се продава земјиште од 550 метри квадратни за изградба на станбена зграда, по 4 локации за градење се отуѓуваат во „Јужен реон – 1“ и во населбата „Баби 6“, како и по една градежна локација во населбите „Баби 2“, „Баби 5“ и „Блок 2000“. Огласеното градежно земјиште е со површина од 177 до 610 метри квадратни.

 

 

Парцелите за изградба на куќи за индивидуално домување се продаваат по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, додека земјиштето за станбена зграда се нуди за 1.635 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање ќе можат да се достават до 24 септември. Лицитацијата за отуѓување на парцелите ќе се одржи на 26 септември. Најповолните понудувачи ќе имаат рок од 9 месеци за да ја обезбедат неопходната градежна дозвола од Општина Штип пред да отпочнат со изведба на објектите.