Претходна статија
Се бара приватен инвеститор за катните гаражи во Клиничкиот центар
Следна статија
Македонските градежници се враќаат на пазарите во Либија и Индија

1.100 до 3.000 евра за квадрат во облакодерите на „Џеваир“

Објавено на 07.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Вкупно 688 станови од првите две кули во комплексот „Џеваир Скај Сити“  во скопски „Аеродром“ [»мапа] од денеска се нудат на продажба. Во зависност од типот на станот и неговата местоположба, промотивните цени со кои настапија турските инвеститори се движат помеѓу 1.100 и 3.000 евра за метар квадратен. Покрај оваа цена, идните станари ќе плаќаат и месечна сума за техничко одржување која во моментов се утврдува, а за возврат меѓудругото ќе можат да ги користаат базените, спортските и останатите рекреативни содржини во комплексот.

 

Становите кои беа понудени денеска ќе бидат вселиви до крајот на 2015 година. Целиот комплекс, пак, кој вклучува уште две идентични кули и трговски центар од 26.000 метри квадратни, треба да биде завршен до 2017 година. Подготвителните градежни работи на овој проект започнаа пред точно три години, а формално почетокот на изградбата беше свечено обележан во јули минатата година.