Претходна статија
Заврши реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“
Следна статија
Привршува реконструкцијата на пругата Битола - Кременица

Поништен и вториот повик за субвенционирање на нискобуџетните летови

Објавено на 17.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска информираше дека е поништен и вториот јавен повик за доделување финансиска помош за воведување нови летови од двата македонски аеродрома. На тендерот била доставена единствено една понуда од компанијата „Визер“, која што понудила сите четири дестинации од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ да ги воведе во август 2019 година. Ваквата понуда не одговара со условите и критериумите пропишани во јавниот повик, информираше министерот Сугарески.

 

 

Тој посочи дека во тендерот било нагласено дека авиопревозникот треба да отпочне со сообраќај на две нови авио линии од охридскиот аеродром најдоцна до 10 јануари 2019 година, додека останатите две да ги воведе во рок од една година од денот на склучување на договорот. „Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака за овој јавен повик да се поништи“ истакна министерот Сугарески.

 

По ваквата разврска, Министерството за транспорт и врски веднаш ќе пристапи кон ново распишување на јавен повик за доделување на финансиска помош за заинтересираните авипревозници. Средства од државните буџети за оваа намена има за целокупниот период до 2021 година. Министерот Горан Сугарески истакна дека нема ништо против авикомпанијата „Визер“, но и дека не се одработува во време за некој друг авиопревозник да ги добие планираните субвенции. „Наш приоритет е да го унапредиме авио сообраќајот и на охридскиот аеродром“ изјави тој.

 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поставија прашање дали развлекувањето на постапката е за да се намести тендерот да го добие друга компанија по мерка на власта. Оттаму посочуваат дека македонските аеродроми се во потенцијална опасност да останат без нискобуџетните летови. „Неспособноста да се организира непречено функционирање на проектот евтини летови е само уште еден доказ дека оваа власт не знае да работи“ изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.