Претходна статија
Ноември 2017 донел помал број на станови за градење
Следна статија
„Park & Ride“ наскоро и во Скопје

Парите од „Скопје 2014“ пренаменети за нови фасади на скопските средни училишта

Објавено на 12.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше за новиот инвестициски проект за реконструкција на фасадите и на инфраструктурата во објектите на средните училишта во Скопје. Со претстојниот зафат ќе бидат опфатени сите училишни објекти каде што има потреба од изведба на енергетски ефикасни фасади. „Покрај реконструкција на фасадите предвидена е реконструкција на покривите и на надворешната столарија, таму каде што е потребно“ изјави Шилегов.

 

*ГУЦ „Здравко Цветковски“

 

Од градскиот буџет за оваа намена се издвоени 70 милиони денари, при што овие средства се обезбедени со пренамена на средствата предвидени за проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот Шилегов, исто така, кажа дека предвидени се дополнителни 20 милиони денари за доопремување на скопските училишта и за уредување на внатрешната инфраструктура согласно со приоритетите на секое од училиштата.

 

„Во рамките на овие реконструктивни активности се зема предвид и адаптацијата на просторот за пристапност на учениците со физичка попреченост. Тоа значи дека ќе се изградат надворешни и внатрешни рампи во училиштата каде што тие недостигаат, а исто така ќе се адаптираат и тоалетите во сите средни училишта на Градот Скопје“ вели градоначалникот Шилегов. Овогодинешниот буџет на Град Скопје наменет за образование изнесува 163,2 милиони денари, односно тој е за двојно поголем во споредба со 2017 година.