Претходна статија
Со 17 милиони денари ќе се доградува водовод и канализација во населбата Хиподром 2
Следна статија
Напролет реконструкција на улицата „Димитрија Чуповски“

Карпош работи на подготовки за реконструкција на салата „Партизан“

Објавено на 28.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската општина Карпош ги започна подготвителните активности околу реконструкцијата на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Карпош 3. Градоначалникот Стефан Богоев денеска се сретна со архитектот Трајко Димитров, кој бил проектант на овој спортски објект. Локалната самоуправа информира дека иницијативата за спас и обнова на салата „Партизан“ ќе се води со вклучување на повеќе засегнати страни, институции и личности кои придонеле во изградбата и афирмацијата на овој спортски објект.

 

 

Општинарите го очекуваат донесувањето на одлуката на владата за префрлање на спортската сала во владение на локалната самоуправа, по што би започнала анализа на постоечката состојба. Тие потсетуваат дека спортската сала „Партизан“ била дадена под концесија, така што владата најпрво ќе треба да го раскине договорот со концесионерот поради фактот што објектот не е соодветно одржуван.

 

 

Градоначалникот Стефан Богоев денеска се сретна и со претставници на меѓународната невладина организација „Културно ехо“, кои работат на проект за мапирање на запуштени објекти и иницијативи за нивна обнова. Од општината велат дека на средбата се говорело за начините на финансирање на обновата на салата „Партизан“ и за воспоставување партнерство што ќе води кон аплицирање на повик за добивање средства за оваа цел.