Претходна статија
Отворен првиот дел од фудбалската Академија на ФК „Вардар“
Следна статија
ТЕМА: Хронично доцнат крупните енергетски проекти во Македонија

Избрани идејни решенија за уредување на плоштадот во Крива Паланка

Објавено на 17.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Крива Паланка ги избра најдобрите идејно-архитектонски решенија за уредување и реконструкција на градскиот плоштад „ВМРО“. На Конкурсот пристигнаа четири авторски трудови, од кои жири-комисијата награди три. „Комисијата составена од архитекти и градежни инженери одлучи првата награда да биде доделена на идејното решение со шифрата СИД-16, втората на идејното решение со шифра 111 и третата награда на шифра Паланка 2017. Врз основа на идејните решенија ќе се распише јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на плоштадот „ВМРО“, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

 

Најдобрите трудови ќе добијат награди во висина од 60.000, 40.000 и од 20.000 денари. Архитектонскиот конкурс за уредување на градскиот плоштад „ВМРО“ беше распишан на почетокот од април годинава.