Претходна статија
Дополнителен рок за реконструкција на улицата „Втора Македонска бригада“ во Чаир
Следна статија
Ќе се бара нов изведувач за реконструкцијата на прилепскиот стадион

И годинава субвенции за Скопјани за купување велосипеди

Објавено на 11.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Скопјани и оваа година ќе можат да аплицираат за субвенции за купување велосипеди. Советот на град Скопје на денешната седница ја донесе одлуката за определување на максималниот износ на субвенции, а јавниот повик за поднесување барања од граѓаните ќе се објави наредните денови. „Со оваа одлука е предвидено максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице да биде 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход“ информираат од Град Скопје.

 

 

Од градскиот буџет за оваа намена се издвоени 10 милиони денари. Новитет годинава е можноста за субвенционирање на набавката на рачни велосипеди и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби. Градот Скопје ќе субвенционира до 50% од вредноста на овие превозни средства, но не повеќе од 90.000 денари по лице. Од вкупниот буџет, 9 милиони денари се предвидени за субвенции за набавка на велосипеди, додека 1.000.000 денари ќе се одвои за поврат на дел од средствата за купување рачни велосипеди и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби.

 

Градските власти на Скопје минатата година се вклучија со свој проект за давање субвенции за набавка на велосипеди. Ваков проект за прв пат во земјава беше инициран од Општина Центар, додека сличен проект од оваа година ќе започне да се реализира и од Општина Карпош.