Претходна статија
Комплетирана првата фаза од „Злетовица“
Следна статија
Соравиа Ресорт со свој веб сајт

„Бетон“ ја доби зделката за надградба и куполи на Собранието

Објавено на 30.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Собрание на РМНа денешната седница на тендерската комисија, како најдобра понуда за предвидените градежни работи на Собранието на Република Македонија беше избрана онаа на „Бетон“. На тендерот учествуваа и „Гранит“, словенечки „Енергоплан“ и австриските „Алпине“ и „Штрабаг“. Ова беше трет тендер за овој проект. Иедјата за куполи на Собранието беше пласирана во 2006 година од страна на тогашниот негов претседател, Љубиша Георгиевски. После бројни перипетии и лавина негативни реакции, следуваа два пропаднати тендери на кои два пати се јавија истите три фирми: домашните „Бетон“ и „Гранит“ и хрватски „Конструктор“.


Проектот за Собранието меѓудругото опфаќа доградба и надградба на објектот, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата. Предвидени се три куполи – една голема централна и две помали странично. Тие треба да бидат изработени од стакло и метална конструкција. Со проектот ќе се обезбадат и дополнителни простории во објектот. Целиот зафат чини околу 10,5 милиони евра. Градежните работи треба да започнат во текот на 2010 година, а рокот за изведба е две години. Работите ќе се одвиваат во услови на непречено функционирање на законодавниот дом.




Форумска дискусија за овој проект –> овде