Претходна статија
Куманово забрзано се гасифицира
Следна статија
Посигурно снабдување со струја на Пехчево

Израелците кренаа раце од Сончев Град

Објавено на 27.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Израелската компанија ИБЦ (IBC, Industrial Building Corporation) се повлече од мега – проектот „Сончев Град“, кој требаше да се гради на јужните падини на Водно, јавува телевизијата Алфа. Минатата недела инвеститорот ја повлекол тужбата против државата, а договорот со Владата бил спогодбено раскинат. Нема информации за условите во спогодбата и за евентуално обесштетување.

 

Локалитетот „Сончев Град“ се простира на речиси 150 хектари во општината Сопиште [» мапа]. Израелците го купија градежното земјиште со површина од околу 64 хектари на јавно наддавање во 2007 година и на државата и исплатија 3,6 милиони евра (350 денари за метар квадратен). Тие таму веќе требаше да имаат изградено елитна населба  со 11 згради и 603 куќи, каде требаше да живеат околу 6.000 жители. Се најавуваше инвестиција од околу 100 милиони евра.

 

Во јуни минатата година, од Општина Сопиште сеуште уверуваа дека проектот ќе почне да се реализира за неколку месеци. Сега, според градоначалникот на Сопиште, Јован Ѓорѓијоски, за „Сончев Град“ ќе се бара нов инвеститор на меѓународен тендер.

 

» Форумска дискусија за овој проект