Претходна статија
ОСВРТ: Големите трикови на нискобуџетните авиокомпании
Следна статија
Нови три милиони евра од ЕБОР за мали хидроелектрани

Подновен Мостот на револуцијата

Објавено на 16.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши реконструкцијата на Мостот на револуцијата во Скопје која започна во декември минатата година. За овој период беше извршена санација на оштетените бетонски делови на надворешната страна на мостот. Оштетените пешачки патеки од двете страни беа отстранети, а подлогата беше санирана и покриена со печатен бетон. Целосна обнова претрпе и коловозот. Исто така е поставена  нова ограда изработена од ковано железо во која се монтирани 22 декоративни канделабри, додека на лаците се поставени шест рефлектори. Идејниот проект за оградата и илуминација на Мостот на револуцијата е дело на авторот Зоран Јордановски. Градежните работи ги изведуваше скопската фирма „Синтек“. Зафатот ја чинеше градската каса 27,6 милиони денари.

 

##

##

##