Претходна статија
Агенцијата за катастар на недвижности со нова услуга
Следна статија
Промовиран модернизираниот возен парк на МЖ

Значително намалување на градежните активности во земјава

Објавено на 06.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во март годинава се издадени 195 одобренија за градење, што претставува намалување за дури 33,9% во однос на истиот месец лани, соопштува Државниот завод за статистика. Трендот на намалување на градежните активности особено е присутен во секторот нискоградба каде што се издадени само 10 одобренија за градба, односно за 81,1% помалку во споредба со март 2010 година.

 

 

Во секторот високоградба се издадени 147 одобренија за градба или 18,3% помалку во однос на истиот временски период лани, додека за реконструкција на објекти се пријавиле 38 физички лица и деловни субјекти, што претставува намалување за 38,7% во споредба со истиот месец минатата година.

 

Општиот тренд на поголемо намалување на активностите во изградбата на објекти е присутен и кај предвидената вредност на објектите. Статистика пресметала дека вкупната вредност на планираните објекти изнесува 2.049.950.000 денари што е за 35,9% помалку во однос на истиот период лани.

 

Со предвидените одобренија за градба е планирано да се подигнат 382 стана, со вкупна корисна површина од 38.201 квадратни метри.

 

 

Бојан Блажевски