Претходна статија
ОСВРТ: Малкуте патишта многу споро ги градиме
Следна статија
Барокна зграда за Општина Центар

Стартува преобразбата на битолската касарна

Објавено на 18.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Проектот „Старите касарни за нов развој“ почнува да се реализира и во Битола. Државата продава 22 парцели во поранешната касарна „Стив Наумов“, опфатени со Деталните урбанистички планови „АРМ четврт 1“ и „АРМ четврт 2“, кои беа усвоени од советот на Општината во септември минатата година. Продажбата ќе се одвива по пат на јавно наддавање. Најголем дел, односно 11 од парцелите се наменети за станбени објекти и се со површина помеѓу 1.146 и 2.595 метри квадратни. Почетната цена изнесува 2.800 денари за квадрат. Големи трговски единици се предвидени на пет од парцелите кои се нудат на продажба. Нивната големина се движи од 2.223 до 7.772 метри квадратни, а почетната цена е 4.300 денари за квадрат. Две парцели со површина од 1.757 и 2.756 метри квадратни и исто така почетна цена од 4.300 денари за квадрат се наменети за деловни објекти. Хотелски комплекс е зацртан на парцелата од 8.302 метри квадратни, која се продава по почетна цена од 61 денар за квадрат. Покрај овие, се нудат уште три парцели – за катна гаража, оразовен објект и објект со намена од културата. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 17.03.2011, а јавните наддавања се закажани за 22.03.2011.


Ова е само дел од проектите кои се предвидени во касарната „Стив Наумов“ и се преточени во три детални урбанистички планови со вкупен опфат од 103 хектари. Покрај станбени згради и околу 150 индивидуални куќи, зацртани се објекти од јавен карактер, разни комерцијални и спортски содржини, филмски град, а дел од просторот ќе му припадне на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Исто така се планира оформување на голем плоштад, како и изградба на комуникациска кула со ресторан кај стариот радар на АРМ. Со проектот „Старите касарни за нов развој“ се опфатени касарните во Битола, Струмица, Охрид, Гевгелија, Дебар, Кочани, Дојран и делови од скопските касарни „Илинден“ и „Гоце Делчев“.