Град Скопје ја заврши постапката за ангажирање на консултант за избор на концесионер за изградба и користење на лесен шински превоз на својата територија. Од седумте пристигнати понуди за најповолна беше избрана заедничка понуда на англиската компанија „ЕЦ Харис“ и унгарскиот „Виалто Консалтинг“. Консултантите во првата фаза треба да изработат студија за концесинирање и целосна студија за трамвајски превоз во Скопје. Во втората фаза ќе работат на тендерската документација за концесионирање, ќе се ангажираат на деловна афирмација на проектот во меѓународни рамки, а во завршната фаза ќе се ангажираат и околу изборот на концесионер, изработката на дооговор за концесионирање, како и за неговото склучување. Од Градот соопштуваат дека проектот за концесионирање лесен шински превоз во Скопје консултантите треба да го завршат една година по потпишувањето на договорот. Нивните услуги ќе го чинат градскиот буџет 200 илјади евра.
Форумска дискусија за овој проект » овде