Поставена е ограда и отпочнати се земјени работи на локацијата на Булевар Србија во близина на бензинската пумпа на Макоил, каде е предвидена изградба на висококатни објекти. Земјиштето со површина од 21.150 метри квадратни пред половина година го купи „Турк Мак Иншаат Санаји Ве Тиџарет ЛТД“, фирма на турскиот холдинг „Џеваир“ (Cevahir Holding A.Ş.) и се обврза до 2017 година да изгради најмалку три згради, секоја од нив со најмалку 33 спрата.