Претходна статија
Пропаѓа „Македониумот“ во Крушево, обновата доцни
Следна статија
Топлинската енергија од Железара може да дојде и до општина Аеродром

Уште една „барокна“ фасада ќе се изведува на улица „Македонија“

Објавено на 03.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нови 37,3 милиони денари ќе се слеат во фирмата „Бауер БГ“ за менување на изгледот на уште една фасада на улица „Македонија“. Станува збор за објектот со број 40 на централната пешачка зона, за која Градот Скопје го потпишал договорот кон крајот на јули. Градежните работи е предвидено да се завршат во рок од 14 месеци. Засега не се објавени податоци за авторот на „барокната“ фасада, ниту пак податоци за фирмата што ја изготвила проектната документација за објектот. Градот Скопје досега не објавил и дали има согласност од авторот на изворното решение за менување на надворешниот лик на овој објект.

 

 

 

„Барокната“ фасада на објектот на улица „Македонија“ бр.40 е дел од поширок проект за целосна промена на постојниот лик на централната пешачка улица. Градските власти пред пет месеци распишаа тендер вреден 220 милиони денари за преслекување на шест згради од улица „Македонија“, кои допрва треба да се работат. Изградена во 1911 година, ова омилено катче на скопјани досега беше симбол за разновидност и богатство на згради од различни архитектонски стилови наследени од XX век.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk